Дејан Христовски од ИТ одделот на клиниката „Жан Митрев“, ги сподели искуствата од интеграцијата на податоци и предизвиците на тимот за дигитална трансформација во клиничката болница како здравствен центар кој целосно ја примени дигитализацијата во сите процеси од секојдневното функционирање. Со практични примери тој ги презентираше придобивките од направената дигитализација, со што болницата уште пред неколку години стана лидер во регионот која нуди комплетно електронско следење на пациентот, без хартиена документација и без можност за злоупотреба на податоците.
На конференцијата своето видување за овој процес го претставија и д-р Горан Кунгуловски дискутирајќи на тема „Користење на јавни биг-дата сетови за унапредување на скрининг методи и терапии во рак“, д-р Миодраг Цекиќ, за „Онкологија од следната генерација: Вештачка интелигенција во биоинженерството за персонализиран третман на колоректален карцином“ и Синиша Јовиќ кој дискутираше на тема „Беспрекорна интеграција на податоци од медицински уреди: надминување на тековните предизвици.“
Конференцијата се одржа во клиниката „Жан Митрев“ во соработка со Proxiad, регионална ИТ компанија за дигитални трансформации.