среда, 12 март 2025

При претресот во „Пуцко петрол“ пратеникот Јахоски се повикувал на пратеничкиот имунитет

При полицискиот претрес во домот и канцелариите на Асмир Јахоски, осомничен за учество во сомнителните набавки на нафтени деривати, неговиот татко, пратеникот на ДУИ Исмаил, направил вистински хаос, пишува Нетпрес повикувајќи се на извори во истражните органи!

Објавено на

часот

Сподели

Пратеникот одбивал да ги отвори вратите од службените канцеларии, одбивајќи ги наредбите на полицијата и повикувајќи се пратеничкиот имунитет. Додека тимот за претрес се подготвувал да влезе за да го спроведе истражното дејство, Исмаил Јахоски се обидел прв да дојде до одредена документација и електронски уреди кои можат да го поврзат со спорните набавки.

Во текот на акцијата, пишува Нетпрес, ситуацијата ескалирала во моментот кога полицијата пронашла сеф со оружје и кеш пари.

Оваа акција е дел од пошироката истрага за незаконските набавки на нафтени деривати, а истражните органи најавуваат дека ова е само почеток.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ