„Според првични информации од лице место, товарното возило со скопски регистарски таблички од засега непознати причини се излизгало во долот. Возачот од Велес, роден 1985 година, успеал да излезе од возилото. Се здобил со лесни телесни повреди, но заради секоја сигурност, го однесовме до Општа болница Кавадарци, за подетална проверка на неговата здравствена состојба“, појасни Паракеов.
На местото на настанот дошле брзата помош, полицијата и противпожарната служба. Се очекувала влечна служба за да го подигне возилото.