понеделник, 30 декември 2024

Претставници на Македонците од Албанија присуствуваа на поставувањето камен-темелник на МПЦ во Берлин

Претседателот на Македонско друштво Илинден од Тирана, Албанија, Никола Ѓурѓај присуствувал на свеченото поставување на камен-темелник на Македонската православна црква посветена на „Свети Климент Охридски“ во Берлин, Германија.

Објавено на

часот

Сподели

Тој потврди дека присуствувал на покана на Централниот совет на Македонците во Германија, заедно со Македонски Клуб Илинден од Латзен, кои се партнерски организации на друштвото.

„Посебна чест, гордост и задоволство ми беше како претставник на нашето друштво и како претставник на Македонците од Албанија да бидам дел од овој свет чин, поставувањето камен темелник на овој божји храм. Ги пренесов поздравите од нас Македонците во Албанија до нашите браќа и сестри во Германија“, додава тој.

Тој посочи дека остварил куса, но многу срдечна средба со поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан, како и со владиците кои го придружувале.

„Престојот во Берлин го искористив и за средба со претставниците на партнерските организации кои ги запознав со актуелните случувања во Албанија поврзани со нас Македонците. Договоривме заеднички активности во иднина“, посочи Ѓурѓај за МИА.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ