сабота, 23 ноември 2024

Претседателката на Македонија го честиташе еврејскиот празник Јом Кипур

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова, упати порака до претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви и до сите нејзини припадници, по повод одбележувањето на еврејскиот празник Јом Кипур.

Објавено на

часот

Сподели

„Дозволете ми на сите припадници на Eврејската заедница во Македонија да ви посакам ‘денот на деновите’, најсветиот еврејски празник – Јом Кипур да го поминете во мир и хармонија, во добро здравје и во радост и љубов. Одбележувањето на празникот на покајувањето и искупувањето, со молитва и пост, ни ја посведочува длабоката и жива духовност на еврејскиот народ. Горди сме што иако мала, еврејската заедница во Македонија, суштински придонесува за нашето општество чувајќи ги сопствените традиции и крепејќи ги заедничките вредности, соживотот и заедништвото“, стои во честитката на Силјановска-Давкова.

Натаму, во честитката претседателката додава: „да го избегнеме вителот на светските геополитички искушенија и да ги надминеме домашните премрежиња. Да останеме сплотени и солидарни неуморно работејќи на просперитетот и напредокот на нашата татковина“.

„Мојата порака ја завршувам со традиционалниот поздрав за Јом Кипур – G’mar chatima tova“, се наведува во пораката на претседателката Силјановска-Давкова, по повод еврејскиот празник Јом Кипур.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ