среда, 12 март 2025

Претседателот на руската Дума: Хистерија во Минхен

Претседателот на Думата, долниот дом на рускиот парламент изјави дека настаните на безбедносната конференција во Минхен покажале дека Европската унија е неспособна, дека не разбира што се случува во светот и дека е во криза.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Во објавата со наслов „Хистерија во Минхен“ на Телеграм, Вјачеслав Володин рече дека европските политички елити можат само самите себеси да се обвинуваат за ситуацијата.

„Колективните институции на Европската унија, претставени од нивните лидери, не разбираат што се случува во светот, тие ја покажаа својата неспособност и несоодветност“, рече Володин.

Володин изјави дека европските лидери реагирале со иритација на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, кој ги нападна европските влади за, како што рече, нивната цензура на слободата на говорот и нивните политички противници.

Европа, рече тој, се соочи со криза, но оваа промена е неизбежна. „Можеме да зборуваме за конфликти и кризни феномени кои ќе го придружуваат овој процес“, додаде Володин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ