Координатор на дискусијата ќе биде Јанис Краниас, потпретседател на Грчката федерација на издавачи и книжари, а во неа ќе учествуваат и претставници на издавачките сектори од Албанија, Романија и Бугарија.
„Поканата за учество на оваа панел-дискусија е значаен настан, кој и нашите колеги-издавачи од Грција и ние го гледаме како здрав чекор кон идна плодна соработка. Културата и книжевноста не знаат за граници и верувам дека со нашето претставување ќе придонесеме за афирмација на нашето издаваштво и книжевност во балкански рамки“, вели Бојан Саздов претседателот на МАИ.
Панел-дискусијата ќе се одржи денеска, како дел од Меѓународната професионална програма на Саемот на книгата во Солун.