среда, 4 декември 2024

Претседателот на Јужна Кореја прогласи вонредна состојба во неуспешен обид за државен удар (ВИДЕО)

Јужнокорејскиот претседател Јон Сук Јеол прогласи денес вонредна состојба, обвинувајќи ја опозицијата дека го контролира парламентот, дека ја симпатизира Северна Кореја и ја парализира владата со антидржавни активности.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Јун тоа го објави за време на телевизиско обраќање, ветувајќи дека ќе ги „искорени про-севернокорејските сили и ќе го заштити уставниот демократски поредок“.

Не беше веднаш јасно како тие чекори ќе влијаат на управувањето и демократијата на земјата.

Јун, чиј рејтинг падна во последните месеци, се бори својата агенда да ја протурка против волјата на парламентот кој го контролира опозицијата.

Конзервативната партија на Јун Партија на моќта на народот е во судир со либералната опозициска Демократска партија околу усвојувањето на буџетот за следната година.

Тој исто така ги отфрли повиците на независна истрага на скандалот во кој се вмешани неговата сопруга и неколку високи функционери.

Демократската партија свика итен состанок на своите пратеници по објавата на Јун, по што се упатија во парламентот.

Претседателот на парламентот Ву Вон Сик поднесе резолуција со која се повикува на укинување на вонредната состојба околу 1 часот по локално време. За резолуцијата гласале 190 од 300 претставници на владејачките и опозициските партии, односно сите присутни.

Откако јужнокорејскиот парламент изгласа одлука за блокада на прогласувањето вонредна состојба, сега се чека одлука на претседателот Јун.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ