среда, 4 декември 2024

Претседателката на Хашкиот суд: Загрозено е нашето постоење

Претседателката на Меѓународниот кривичен суд кажа дека заканите со кои се соочува таа институција, вклучувајќи можни санкции од Соединетите Американски Држави и руските потерници по судија и обвинители на овој суд, „го загрозуваат нејзиното постоење“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Зборувајќи на конференција на 124 членки на судот, претседателката на судот, судијката Томоко Акане, не ги именуваше Русија или САД, но ги спомна како постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации.

„Јасно е, според кое било мерило, дека ова собрание се наоѓа во клучен момент“, кажа обвинителот на МКС Карим Кан во говорот на отворањето на конференцијата. „Се соочуваме со предизвици без преседан. Жртвите на цивилното општество, преживеаните, човештвото во целост, мислам дека имаат очекувања без преседан“, кажа тој.

Русија издаде налог за апсење на главниот обвинител на МКС Карим Кан два месеци откако судот во Хаг издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин.

Долниот дом на американскиот Конгрес во јуни донесе закон со кој се санкционира судот како одговор на барањето на Кан за налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант. „Судот е изложен на напади со кои се поткопува неговиот легитимитет и способноста да спроведува правда и да го остварува меѓународното право и основните права – присилни мерки, притисоци и саботажи“, кажа Акане, додавајќи дека против вработени на судот се издадени повеќе налози.

„Решително ги отфрламе настојувањата да се политизира нашата функција. Постапувавме и секогаш ќе се придржуваме само до законите, под сите околности“, истакна таа.

Судот е формиран во 2022 година за процесирање воени злосторства, злосторства против човештвото, геноцид и агресија кога државите членки тоа самите не сакаат или не можат да го направат.

Може да процесираат злосторства кои ги извршиле државјани на држави членки или други актери на територија на држава членка. Нивниот буџет за 2024 година бил 187 милиони долари.

Налогот за апсење на Нетанјаху означува прв пат на мета да е личност блиско поврзана со богатите западни земји.

Земјите кои го потпишале основниот договор на МКС имаат обврска да го уапсат Нетанјаху ако стигне на нивна територија.

Но, неколку европски земји веќе јавно кажаа дека нема тоа да го направат. Франција порача дека Нетанјаху има имунитет, Италија кажа дека може да има имунитет, а Британија и Германија одбија да се изјаснат како ќе постапат.

Дури и Холандија, која е домаќин на судот во Хаг, кажа дека може да постојат околности во кои Нетанјаху би можел да дојде во земјата, не наведувајќи кои.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ