Во Скопје сончево со умерена облачност, а попладне во делови од котлината ќе има зголемена облачност со услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Дневните температури ќе се движат од 16 до 25 Целзиусови степени.