Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има повремен пороен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.
Утре времето ќе биде променливо облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локален пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Минимална температура ќе се движи од 3 до 9, а максималната од 17 до 23 Целзиусови степени.