„На 01.11.2024 околу 19 часот од Ургентен центар „Мајка Тереза“ во СВР Скопје е пријавено дека со повреди од огнено оружје биле донесени С.А. и А.А. од с. Арачиново. Според пријавеното, во нив во с.Арачиново било пукано со огнено оружје од страна на две лица кои биле со возило ‘ауди’ “, наведуваат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.