Тој истакна дека Словенија е добар пример.
„Ние постигнавме многу, економијата се проширува, извозот се зголемува, сите економски параметри се подобри, имаме евро со кое е полесно да се прави бизнис во ЕУ, имаме повеќе инвестотиори зошто е полесно да се инвестира кога има евра… Тоа се неколку предности“, подвлече словенечкиот амбасадор Прескер.
Организатори на конференцијата се Амбасадата на Република Словенија во Македонија, заедно со Здружението на словенечки и македонски бизнисмени. На конференцијата се обрати проф. д-р Мојмир Мрак – економист и редовен професор на Универзитетот во Љубљана, а ќе се обратат и Маја Кадиевска Војновиќ, советник на управниот одбор Стопанска банка АД Битола и поранешен вицегувернер на Народната банка на Македонија, Драган Тилев, државен советник за ЕУ прашања и координатор во Секретаријат за европски прашања на Македонија.