Предвидено е Мишустин во Пекинг да се состане со претседателот на Кина Си Џинпинг и со премиерот Ли Чи Јанг.
Ќе се разгледуваат актуелни прашања за руско-кинеската соработка во трговско-економската сфера, а планирано е и потпишување на повеќе билатерални спогодби, пренесува Интерфакс.
Премиерот на Руската Федерација ќе го посети и Шангај, каде што ќе зборува на руско-кинескиот деловен форум.