сабота, 8 февруари 2025

Премиера на претставата „Мајка“ вечер во велешкиот театар

Претставата „Мајка“ вечер од 20 часот премиерно ќе се изведе во велешкиот театар Јордан Хаџи Константинов – Џинот.

Објавено на

часот

Сподели

Режисер е Јордан Витанов, а драматург – Сашо Димоски. Со оваа претстава, актерката Зорица  П. Панчиќ  одбележува јубилеј – 30 години на театарската сцена. Покрај неа, во претставата настапуваат и актерите Васил Зафирчев, Сандра Танчева и Кире Ацевски. Сценографијата е на Јордан Витанов, костимографијата на Раде Василев, а избор на музиката на Сашко Костов.

Претставата е работена по текст на Флоријан Зелер, современ француски романсиер, драматург, театарски режисер, сценарист и филмски режисер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ