сабота, 19 октомври 2024

Преку законот за бранителите почна битката меѓу ДУИ и приврзаниците на Таравари

Уште при утврдување на дневниот ред на денешната собраниска седница, дојде до препукување меѓу Халил Снопче од Алијанса за Албанците и приврзаник на лидерот Арбен Таравари и Арбер Адеми, координатор на пратеничката група на ДУИ. На седницата на која се очекува гласање за разрешување на двајца министри од АА, токму приврзаници на Таравари. Неочекувано, преку предлог законот поднесен од ВМРО-ДПМНЕ и Левица за права на бранителите и нивните семејства.

Објавено на

часот

Сподели

Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ побара во дневниот ред да се најде овој предлог закон, нагласувајќи дека ако се прифати, дека нема да го блокираат предлог законот за правата на припадниците на Армијата и дека ќе ги повлечат подготвените илјадници амандмани.

Предлогот беше прифатен оваа точка да се најде на дневниот ред, кој уште не беше изгласан.

Потоа Адеми од ДУИ изнесе дека тоа е сложено прашање и дека треба да мине низ собраниските филтри и комисијата за меѓуетнички прашања, напомнувајќи дека ДУИ може да поднесе 10 илјади амандмани и да го блокира законот.

Халил Снопче од АА потоа им порача на ДУИ да гласаат против законот за бранителите да се најде на дневен ред, што потоа од Адеми беше протолкувано како обид да се тргне од дневен ред разрешувањето на министрите.

„Не се наша работа состојбите во АА. Доколку сакате да бидете опозиција треба самите двајца министри да поднесат оставка“, рече Адеми.

Снопче повторно побара збор, а претседателот на Собранието, Јован Митрески забележа дека му дава збор иако е само заменик координатор и побара преку службите официјално да биде известен доколку има кадровски промени во пратеничкатга група.

„Такво известување немам и не можам да се раководам од изјави преку медиуми“, рече Митрески.

Инаку, на седницата вицепремиеката Славица Грковска образложи зошто Владата бара да се донесе закон за рестриктивни мерки, а на што реагираше само пратеникот Димитар Апасиев изнесувајќи став дека е нечуено во суверена држава да се постапува по некакви листи составени во други држави.

„Ова е феномен во правото. Со ваков закон престануваме да бидеме држава и стануваме територија. Не знам дали постои некоја друга држава со можно такво право. Да ги потстетам повозрасните на обзнана од Кралството СХС од пред 100 годии. Во еа се вели дека од државна служба треба да се отпуштат сите што се за болшевизам. Е сега тоа е заменето со ‘хибридно дејствие’ што не се знае што е точно тоа. Некој чиновник од САД или Обединето Кралство ќе напише нешто и тоа тука ќе биде прифатено и ќе настане бркање на вештерки. Само министерот Кренар Лога имаше исправен став по ова прашање. Барам да се тргне точката од дневен ред“, рече Апасиев.

За да се трне оваа точка од дневен ред гласаа само двајца пратеници, веројатно од Левица, а еден беше воздражан. Шеесет пратеници гласаа против тргање на предлог законот од дневниот ред.

Потоа, дневниот ред беше усвоен со 61 глас. Првата точка е разрешување на двајцата министри од АА, Азир Алиу и Фатмир Меџити.

По неа се расправа поединечно, за секој од министрите, а најнапред образложение даде премиерот Талат Џафери кој и го поднесе предлогот за разрешувањата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ