„Целта е да се формализира соработката предвидена во билатералната програма која министрите за образование на двете земји ја потпишаа во август годинава, со важност до 2028. Двете страни ќе основаат заедничка комисија која периодично ќе се состанува и ќе развива и реализира иницијативи од интерес на државите. Покрај средното стручно образование, акцент ќе биде ставен на процесот на дигитализација и воведување вештачка интелигенција во наставните програми“, информираат од МОН.
Предвидена е соработка и во областа на предучилишното, како и во основното образование, особено во делот на поедноставување на постапките за изработка на учебници и наставни материјали.
Хрватската страна била претставувана од државниот секретар за наука, образование и млади Зринка Мужиниќ Бикиќ, директорката на Управата за воспитување и образование Весна Шерепац и раководители на повеќе сектори во двете институции.