недела, 19 јануари 2025

Прекинот на огнот во Газа сепак стапи на сила

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху штотуку објави дека прекинот на огнот во Газа ќе започне во 11:15 часот по локално време во Газа, пренесува Ројтерс.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Меѓу израелските заложници кои Хамас ќе ги ослободи како дел од првата фаза од договорот за прекин на огнот, се најмладите и најстарите заложници кои Хамас ги зеде на 7 октомври, според списокот што го објави Израел.

Официјалниот профил на израелската социјална мрежа Икс објави фотографија со имињата на првите 33 заложници кои се очекува да бидат ослободени.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека ослободувањето на тројцата заложници кои ги држеше Хамас во Газа ќе биде денеска по 15 часот по средноевропско време.

Во соопштението се наведува и дека за седум дена ќе бидат ослободени уште четири жени кои се држат како заложници.

Палестинското движење Хамас денеска соопшти дека три жени кои се држат како заложници ќе бидат ослободени денеска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ