сабота, 15 февруари 2025

Преговорите завршија успешно, Мусиала потпиша нов договор со Баерн (ВИДЕО)

Баерн Минхен и Џемал Мусиала си подадоа рака за продолжување на соработката, Баварците успеаа да го задржат еден од своите најдобри фудбалери.

Објавено на

часот

Сподели

Неизвесно беше дали Баерн ќе успее да го задржи Мусиала, па навивачите на германскиот гигант можат да бидат среќни од денешните вести.

„Џамал Мусиала го продолжи договорот со Баерн до 30 јуни 2030 година“, соопшти Баерн Минхен.

Фудбалерот изрази задоволство што уште долго ќе го носи дресот на Баварците.

„Навистина сум среќен. Баерн е еден од најголемите клубови во светот. Првите чекори во професионалниот фудбал ги направив тука и навистина верувам дека можеме да освоиме нешто големо со овој клуб во наредните години. Се чувствувам како дома и во Минхен и во клубот со нашите одлични фанови. Имаме многу работи за освојување и возбуден сум за она што доаѓа“, рече Мусиала.

Баерн Минхен со убаво видео го потврди потпишувањето на договорот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ