Американскиот државен секретар Марко Рубио, специјалниот пратеник за Блискиот Исток Стив Виткоф и советникот за национална безбедност Мајк Волц патуваат во заливската држава на разговорите.
Политико во саботата објави дека американското трио ќе отпатува во Саудиска Арабија за да почне мировни преговори со руските и украинските преговарачи, но не прецизираше точен датум. Специјалниот пратеник за разговорите меѓу Украина и Русија, Кит Келог, нема да присуствува, според медиумот.
Украина не е поканета на овие разговори во Ријад – нешто што ги вознемири европските лидери – Рубио рече дека тие ќе бидат дел од „вистинските“ преговори подоцна ако тие почнат, но инсистираше дека „сè уште не сме таму“.
Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп би можеле да се сретнат во Саудиска Арабија до крајот на овој месец, напиша Блумберг, истакнувајќи дека овонеделната американска делегација најверојатно ќе биде составена од советници за национална безбедност, чија задача е да обезбеди датум за состанокот на највисоко ниво пред муслиманскиот свет месец рамазан, кој оваа година почнува на 28 февруари.
Трамп, исто така, рече дека очекува „многу наскоро“ да се сретне со Путин.