Новиот инструмент ќе биде еден од четирите радарски системи од типот „вороњеж“. Алексеј Золотухин, портпаролот на силите за ракетна одбрана на руското Министерство за одбрана, вели дека новиот радар „вороњеж“ што треба да биде поставен близу Иркутск не е комплетен, но дека веќе е тестиран. Веќе постојат три радари „вороњеж“ – еден во градот Армавир во јужна Русија, еден во селото Лектуси близу Санкт Петербург и еден во градот Пионерски во регионот на Калининград, во балтичката ексклава на Русија. Само последните две се комплетно функционални, додека во Армавир допрва треба да се заврши тестирањето.
Золотухин рече дека рускиот радар е многу ефективен, зашто во 2011 ги детектирал сите 30 лансирања на руски и странски балистички и вселенски ракети. Тој забележа дека таквото беспрекорно досие главно се должи на воведувањето на новата опрема.
Радарот „вороњеж“ е понапреден во споредба со постарите системи Дариал и Дњепар, од советскиот период. Радарот „вороњеж“ во Пионерски, лансиран кон крајот на минатата година, има дострел од 6.000 километри и може симултано да следи приближно 500 објекти. Исто така е значително поевтин и е потребно пократко време за негово инсталирање отколку за постарите системи.
Минатиот ноември претседателот Димитри Медведев присуствуваше на церемонијата на отворањето на новиот радар во Пионерски, нарекувајќи го „соодветен одговор на заканите искажани од страна на Антибалистичкиот ракетен систем кон нашите нуклеарни сили“. Тој додаде дека радарот може да се користи како дел од заеднички антибалистички систем, но кажа дека не гледа никакви знаци на волја за соработка од „европските колеги“ на Русија.
Соединетите Американски Држави и НАТО планираат да постават антибалистички пресретнувачи во Полска и во Романија, радар во Турција и разурнувачи од типот „егеј“ во близина на брегот на Шпанија. Русија се спротивстави на овие планови, бидејќи НАТО не успеа да даде гаранција дека системот нема да биде насочен кон нејзините сили. Во ноември претседателот Медведев рече дека Русија ќе ги опреми своите стратегиски балистички проектили со специјални системи за избегнување детекција од страна на антибалистичкиот систем и ќе инсталира оружени системи на југот и на западот на земјата. Тој исто така предупреди дека во случај на негативно сценарио, Русија би можела да го прекрши новиот СТАРТ-договор потпишан со американскиот претседател Барак Обама.
Руското министерство за одбрана планира до 2020 година да ги замени сите радарски системи од советскиот период.
Предупредувањето носи предност: Русија ќе постави нов радар во Сибир
Објавено на
часот