сабота, 27 јули 2024

Предупредување на СМО: Мразот на Антарктикот е на рекордно ниско ниво

Објавено на

часот

Сподели

СМО објави дека нивото на морскиот мраз на Антарктикот минатиот месец, кој беше најтоплиот јуни откако се мерат температурите, било 17 отсто под просекот.

„Навикнавме да ги гледаме тие големи намалувања на мразот на Арктикот, но не и на Антарктикот. Тоа е огромно намалување“, кажа Михаел Спаров, шеф на истражувачката програма за светската клима.

Глобалните температури на морската површина во мај и во јуни биле рекордни за тоа време на годината, според СМО, која предупреди дека загревањето на светските океани брзо се шири во длабочината.

„Не само површинската температура, туку целиот океан станува потопол и апсорбира енергија која таму ќе остане со стотици години“, предупреди СМО.

„Алармот за тревога ѕвони поради невидените температури на морето на Северниот Атлантик“.

СМО очекува временскиот феномен Ел Нињо, кој неодамна почна, да ги зголеми температурите и на копното и во океаните, што може да предизвика повеќе топлински бранови и екстремни температури.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ