среда, 12 март 2025

Предлог-измените на Законот за медиуми го минаа „филтерот“ на Владата, предвидена регулација на онлајн-медиумите

На денешната 57-ма седница, Владата го донесе предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми.

Објавено на

часот

Сподели

Со оглед на фактот дека резултатите од последните истражувања покажуваат дека над 70 отсто од јавноста се информира на интернет, со што онлајн-медиумите стануваат важен чинител во медиумскиот простор, се наметна потребата од нивно воведување во Законот за медиуми, што ќе придонесе и за поинтензивно поттикнување на саморегулацијата како битен сегмент за професионалното новинарско работење и зајакната конкурентност во медиумскиот простор.

Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми има за цел да ја зајакне конкурентноста во медиумскиот простор и да ги реши постојните проблеми со интернет-порталите, преку поставување на правна рамка која ги препознава како такви, односно јасни правила за нивно основање и регистрација.

Дополнително, на денешната седница Владата ги утврди членовите во Комисијата за утврдување на репрезентативност од надлежните институции, и тоа – по еден претставник од Министерство за економија и труд, Министерство за социјална политика, демографија и млади и Министерство за правда.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ