„Во пресрет на најголемиот христијански празник – Велигден, кога се очекува значително зголемена фреквенција на граѓани во православните верски храмови, ЈП Комунална хигиена-Скопје настојува на највисокото можно ниво да ја одржи хигиената и чистотата на дворовите и непосредната околина на овие објекти, преку засилени активности што ќе се спроведуваат во текот на претстојните неколку дена“, порача директорката на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Косана Николиќ Мазнева.
Фото: Вибер – ЈП Комунална хигиена