вторник, 3 декември 2024
Скопје денес

Празни автобуски постројки, полни улици автомобили, автобуси нема

Многу празни автобуски постројки, а полни улици автомобили. Сликата денес во Скопје е многу поинаква од онаа вчера, бидејќи ги нема гужвите на автобуските, но поголеми станаа редиците од автомобили. Низ овие редици речиси и воопшто да ги нема црвените големи возила на ЈСП, бидејќи тие денес се паркирани во гаражите во Ѓорче Петров и Автокоманда. За нив нема нафта поради долгот што Јавното сообраќајно претпријатие го има кон Пуцко Петрол. На дел од автобуските постројки низ главниот град останаа оние најупорните кои, како што велат немаат друг избор освен да чекаат автобус, ако воопшто дојде.

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на Совет на Скопје Трајко Славески за денеска во 18 часот закажа итна вонредна седница на која треба да се расправа за нефункционирањето на јавниот превоз во градот, откако автобусите на ЈСП прекинаа да сообраќаат поради недостиг на гориво.

„Нефункционирањето на јавните претпријатија во надлежност на град Скопје, задолжени да обезбедуваат витални услуги за граѓаните, достигна кулминација. Совет на град Скопје на 21 ноември, ќе одржи итна вонредна седница со почеток во 18:00 часот. Советот, во рамките на своите надлежности, е подготвен низ конструктивна расправа да усвои заклучоци со кои ќе побара од надлежните, пред сѐ од градоначалникот Арсовска и директорите, итно да го нормализираат јавниот превоз на територијата на град Скопје и да го подигнат нивото на хигиена“, сподели Славески преку социјалните мрежи.

Јавниот превоз во главниот град од вчера е максимално редуциран поради недостиг на гориво за автобусите на ЈСП Скопје.

Од вчера попладне сообраќаат само 25 автобуси, а останатите се паркирани во автобазите на ЈСП Скопје во Автокоманда и Ѓорче Петров.

Од Град Скопје, пак, одговорноста во врска со кризата што настана Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) кое остана без нафта, ја префрлаат на совтениците на ВМРО-ДПМНЕ и на директорката на Бирото за јавни набавки поради поништената постапка за набавка на гориво за автобусите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ