петок, 7 февруари 2025

Пратениците од власта поднесоа интерпелација за пет членови на Судскиот совет

Пратеничките групи на партиите од власта ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ денеска до Собранието поднесоа иницијатива за изгласување недоверба (интерпелација) за работата на членовите на Судскиот совет кои се бираат од страна на законодавниот дом. Од 15. членови на Судскиот совет, во Собранието се избираат петмина, од кои двајца се на предлог на претседателот на државата. Во актуелниот состав тоа се Весна Дамева, Татјана Чачарова Илиевска, Павлина Црвенковска, Миљазим Мустафа и Селим Адеми.

Објавено на

часот

Сподели

Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција потсети дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата гласаше против Годишниот извештај за работата на Судскиот совет за 2023 година и тој не беше усвоен од страна на Сoбранието.

„Тоа доволно говори и е само една од многуте причини поради која што денеска ја поднесуваме оваа интерпелација. Европската унија и јавноста во Македонија постојано укажуваат на сериозни недостатоци во работата на Судскиот совет, особено во односот на независноста, транспарентноста и отчетноста. Овие забелешки се од клучно значење за процесот на реформи во правосудствниот сектор и напредок на земјата кон членството во ЕУ“, рече Мицевски.

Потенцира дека досега очекувале Судскиот совет сам да покрене иницијативи за разгледување на Извештајот.

„Имено член 100 став 8 од Законот за Судски совет предвидел дека доколку Собранието не го усвои Извештајот за работата на Судскиот совет, тоа ќе биде основа за поведување расправа пред органите кои што ги избрале членовите на Судскиот совет за нивната работа во советот. Имено, согласно тој член сами требале да ја почнат работата за разгледување на негативниот извештај кој дошол од Собранието, кој бира пет од 13-те членови од самиот совет. Мораме да најдеме некој тригер да почнеме со одредена иницијатива, нас законот ни го дава тоа за дел од членовите кои што ние ги имаме избрано во Собранието. По изгласувањето на интерпелациите, ќе ги видиме следните чекори од страна на Судскиот совет“, рече тој.

Според Мицевски, решавањето на овие предизвици е непходно за враќање на довербата во судскиот систем и за зацврстување на владеењето на правото.

„Судскиот совет кој што е клучна инситуција за функционирањето на правната државаи одржувањето на владеењето на правото во Македонија. Затоа, секоја сенка на сомнеж  во работата на неговите членови мора да биде темелно анализирана, а јавноста треба да биде уверена дека Советот работи чесно, професионално и во интерес на граѓаните. Наша цел е да дадеме придонес и да направиме се што е во рамките на нашите уставни и деловнички надлежности и можности за да овозможиме подобар, поефикасен и независен правосуден систем кој што ќе значи и ќе донесе голема правда за секој еден граѓанин на Македонија подеднакво“, рече Мицевски.

Упати порака дека е време да се воведе ред во „руинираниот македонскиот правосуден систем“ преку сериозни реформи и коренити промени кои, како што рече, „ќе значат почеток на крајот на досегашните злоупотреби, неправди, разочарувања и негативни пракси во судството во Македонија“.

Побара поддршка од сите опозициски парламентарни партии и сите други пратеници за овие измени.

Од 15. членови на Судскиот совет, во Собранието се избираат петмина, од кои двајца се на предлог на претседателот на државата. Во актуелниот состав тоа се Весна Дамева, Татјана Чачарова Илиевска, Павлина Црвенковска, Миљазим Мустафа и Селим Адеми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ