понеделник, 16 декември 2024

Пратениците денеска ќе расправаат за предлог-законот за вториот дел од унгарскиот заем и за предлогот за признавање на Палестина

Собранието денеска ќе одржи три последователни седници. На дневен ред на овие седници е и предлог-законот за задолжување на Македонија со заем кај Унгарската експорт – импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност по Договор за заем за буџетско финансирање и финансирање на општи цели, по скратена постапка и и предлог на декларација за признавање на државата Палестина поднесена од пратеничката група на Левица.

Објавено на

часот

Сподели

Пратениците во рамки на 24. седница ќе расправаат по предлог-одлуката за испраќање припадник на македонската Армија за учество во меѓународната операција на ЕУ „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина, во второ читање и предлог-законот за гаранција на Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за Програмата за обновлива енергија ЕСМ – Компонента II: ФЕ Битола 2 и Компонента III: Ветерен парк Богданци – фаза 2, кој ќе се склучи меѓу Кредитната банка за обнова – КФВ и Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје, по скратена постапка.

На дневен ред се и предлог-законите за образование на возрасните, за стручно образование и обука, за изменување и дополнување на Законот за основното образование и предлог-законот за средното образование, сите во прво читање.

Пратениците во рамки на продолжението на 14. седница треба да дискутираат за Годишниот извештај на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер за 2023 година, Годишниот извештај за работата на Судскиот совет за 2023 година, Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2023 година и предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Македонија и на членовите на нивните семејства, по скратена постапка.

Во рамки на продолжението на 22.седница, пратениците ќе расправаат по Извештајот на Европската комисија за Македонија за 2024 година и предлогот за разрешување членови на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ