недела, 15 декември 2024

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и ДКСК се договорија измените на Законот за јавни набавки да одат во редовна постапка

Денеска во Собранието група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ остварија средба со делегација на ДКСК предводена од претседателката Татјана Димитровска. Тема на состанокот беа предложените измени во Законот за јавните набавки, за што во конструктивна атмосфера беа разменети мислења за потребните реформи во делот на зајакнувањето на системот на управување со јавните набавки.

Објавено на

часот

Сподели

На состанокот беше усогласен заеднички став и тоа подносителите на измените на Законот истиот наместо во скратена да го поднесат во редовна постапка, а од своја страна ДКСК во меѓувреме да изготви анализа и мислење во врска со Законот за јавните набавки и да го достави до пратениците.

После состанокот групата пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе измените на Законот за јавните набавки во редовна постапка, при што се очекува утврдувањето на потребата за носење на овој закон да се најде на дневен ред следната недела, на седницата закажана на 18 декември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ