Победа ќе има тешка задача, прилепчани за противник го добија амбициозниот тим на Куманово.
Вардарски од Богданци ќе се сретне со Кораб, додека третиот дуел е Влазерими против Борец.
Сите натпревари ќе се играат во сабота 25. мај, со почеток од 17 часот. Два дуели се играат во Скопје, еден во Битола.
Бараж двојки за пласман во ВМФЛ:
Победа – Куманово (стадион „Ѓорче Петров“ – Скопје)
Вардарски – Кораб (стадион „Борис Трајковски“ – Скопје)
Влазерими – Борец (стадион „Петар Милошевски“ – Битола)
Натпреварите треба да се играат следниот викенд, а термините и местата дополнително ќе бидат одредени.