петок, 18 октомври 2024
Предупредување од тетовскиот Центар за јавно здравје

Пожарот во депонијата во воздухот во Полог донесе многу канцерогени честички, вели д-р Давидовски

Објавено на

часот

Сподели

„Овие два дена нарушувањето на квалитетот на воздухот е докажано со евиденција на зголеменото присуство на пм10 и пм2,5 честичките кои се мерат, но во чадот има и уште поопасни материи, кои државата не ги мери“, вели Давидовски.

Тој нагласува дека загадувањето сите граѓани го чувствуваат, но особено проблеми им создава на хроничните болни и на децата.

„Имаме акутно влошување на хронични состојби кај луѓето со ХОББ, со астма, со бронхитис. Имаме непријатности кај сите и кај здравите луѓе, навечер не можеме око да склопиме. Најголема опасност покрај овие мерлививе концентрации, при горење на депонии, е појавата на диоксини и фурани докажани канцерогени материи од прв ред“, изјави д-р Давидовски.

Тој потсетува дека при секое депонирање на смет настануваа сложени хемиско-биолошки процеси на разградување на комунален отпад.

„Ние не смееме да имаме ваква импровизација на депонија. Треба да имаме една регионална депонија со сите хигиено-технички норми запазени да не се случува ова што се случува. Кога би имале уредена депонија со сите параметри што треба ги има таа депонија, со слој на земја кој постојано би се компостирал, мислам дека не би се случувало вакви работи. Крајно време е да се преземат мерки за да изгради една регионална депонија која ќе ги задоволува европски норми“, изјави д-р Давидовски.

На повик на командирот на Територијалната противпожарна единица Тетово на местото дојде и директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

„Иако вчера тетовските пожарникари дадоа се од себе поради спецификите на гаснење донесовме одлука депонијата да биде затрупана. Денес се работи, сопственикот ќе се обиде со поголем број на тешка механизација да ја затрупа и да спречи понатамошно горење“, изјави Ангелов.

Депонијата со смет кај Волковија се гаси втор ден, а чадот и миризбата се чувствуваат во Тетово и Гостивар и повеќе села помеѓу нив.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ