Железничкиот товарен сообраќај не бил во прекин, потврдија од претпријатието. Пожарот бил во близина на станицата ама не го отежнувал сообраќајот.
„Територијалната противпожарна единица Куманово го изгасила пожарот. Дежурни екипи цела ноќ беа на местото на настанот, бидејќи праговите имаат специјален состав и тешко се гасат. Станува збор за полновни прагови, соопштија од претпријатието.
И од регионалниот центар за управување со кризи Куманово објавија информација дека вчера противпожарна екипа од ТППЕ Куманово интервенирала на гасење пожар на железничка станица во Куманово.
„Втората интервенција е на запалени 30 дрвени прагови од пруги, интервенирано е д 19:30 до 20:30часот со едно противпожарно возило и четворица пожарникари“, соопштија од РЦУК Куманово.
Пред неколку години, исто така гореа стари дрвени прагови. Црниот густ чад се гледаше од повеќе локации од Куманово и блиските населени места од соседна Србија.