Од Територијалната противпожарна единица Кавадарци велат дека за противник го имаат ветерот поради што огнот постојано се разгорува.
„На терен илмаме седум пожарникари со три возила на кои им помагаат и жители од село Бегниште, дополнително е повикан и приправниот тим на ТППЕ и побарана е интервенција од ЈП Македонски шуми. Жителите треба да бидат многу внимателни“, велат од противпожарната единица.
Пожарникарите денеска веќе имаа интервенции на три локации на отворено – кај ваташки гробишта, под каналот кај село Манастирец и на релација село Бегниште – Кошани.