петок, 18 октомври 2024

Повторно нема инсулин и терапија за сите дијабетичари, алармира СЗДМ

„За жал, повторно ни се случува недостиг на инсулин. Поставивме прашање до Министерството за здравство од каде добивме официјален одговор дека заради реевидирање на количините на ryzodeg согласно количините предвидени во реалзиација на тековниот тендер, се делат само останати количини по бројка. а за сите други пациенти треба да се консултираат со своите лекари специјалисти – еднокринолози/дијабетолози и заеднички и да направат вистински избор за замена на инсулинска терапија“, алармира Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДМ)

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

Oд сојузот исто така алармираат дека се појави недостиг на терапија ozeмpik i rybelsus, а дека на тоа прашање од Министерството за здравство добиле одговор за кој сметаат дека не е реале.

„Продолживме со консултација со компаниите, нашите информации говорат дека има терапија, за сите постојни пациенти до потпишувањето на договоорот за набвака и планираните дополнителни количини, но за жал не сите и секој ја добиваме континуирано и навремено. Затоа ќе споделиме дополнителен став за состојбата со овие терапии“, велат од СЗДМ.

СЗДМ е на ставв дека моменталната состојба само ги потврдува нивните долгогодишни барања за промени во моделот на достапност на терпија и помагала со отворен пазар и воведување на референтни цени.

„Ние сакаме сериозно да го подигнеме квалитетот на животот на лицата со дијабетес, со конкретни мерки и активности од државата. Затоа апелираме на сериозност на Министерството за здравство и транспаретно да се делува и навремено да имаме информации во тековниот период.

Почитувани соборци, кои сте подложни на промени, исклучиво да се консултирате со специјалистот и со нов извештај и со ваш избор да се направви промена со можните замени“, порачува сојузот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ