петок, 18 октомври 2024

Повторно истекува радиоактивна вода во Фукушима

Објавено на

часот

Сподели

Компанијата ТЕПКО, која ја раководи нуклеарката, извести дека истекувањето се случило од цевка што пренесува високорадиоактивна вода од турбината до објектот за складирање на отпадот.
Нивото на радијацијата е 0,1 милисиверт на час. Ниво на радијација од 500 милисиверти на час може да предизвика рак, акутна радијациска болест почнува со доза од 1 сиверт, а хронична радијациска болест – од 1,5 сиверт.
Компанијата потврди дека истекувањето престанало истиот ден откако ја исклучиле спорната пумпа.
Според изјавите на компанијата, не истекла контаминирана вода надвор од нуклеарката.
Јапонската комисија за нуклеарна безбедност конечната штета од катастрофата на Фукушима Даичи ја процени на 74 милијарди долари. Расклопувањето на четирите резервоари на реакторите ќе чини 14,9 милијарди долари, додека 52 милијарди ќе бидат потрошени на отштета, чистење на радиоактивното земјиште и други мерки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ