четврток, 30 јануари 2025

Повредени двајца пешаци во Крива Паланка – возачот побегнал, но е пронајден и лишен од слобода

На 28.01.2025 во 17.20  часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на магистрален пат А2 во Крива Паланка, патничко моторно возило „мерцедес“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од  Р.С.(51) од село Дурачка река, удрило во пешаците Р.С.(73) и А.Ј.(76), по што возачот со возилото го напуштил местото.

Објавено на

часот

Сподели

Набргу, по преземени мерки возачот бил пронајден и лишен од слобода. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил Р.С.(73), додека А.Ј. се здобил со телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Крива Паланка. Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Крива Паланка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ