сабота, 5 октомври 2024

Повреден полициски мотоциклист во сообраќајка

На булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје вчера се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл сопственост на МВР, управуван од полициски службеник и товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ј., кој го напуштил местото на незгодата.

Објавено на

часот

Сподели

Во незгодата полицискиот службеник се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ