среда, 12 март 2025

Поволни се условите за резидба на виновата лоза, препорачуваат агрометеоролозите

Минатата недела беше променливо облачно со сончеви периоди и повремени врнежи од дожд и снег на планините. Дуваше и умерен до засилен северен ветер што предизвика опаѓање на температурата. Овие временски услови се очекувани во зима за земјоделските култури и во овој период треба да се почне со резидба на виновата лоза, велат агрометеоролозите од УХМР.

Објавено на

часот

Сподели

Како што истакнуваат, секоја сорта винова лоза има специфични услови на одгледување.

„Доколку почвените услови дозволуваат, земјоделците може да почнат со резидба. Режењето на виновата лоза е многу значајна агротехничка мерка и претставува најважниот чекор во одгледувањето на лозјето. Со резидбата се отфрлаат сите суви, болни и стари органи од лозата. Се овозможува нивна регенерација и се продолжува векот на рентабилно одгледување на виновата лоза. Со редовна резидба, се овозможува одржување на саканиот облик на лозата. Доколку редовно не се врши, ќе дојде до промена во приносот и квалитетот на добиеното грозје. Ова е обемна операција и потребно е време да се заврши навреме“, напоменуваат агрометеоролозите.

Додаваат и дека ако почвените услови дозволуваат, земјоделските производители може да почнат или да продолжат со активностите и грижата за посевите, како и со изведување на поледелските работи.

Според УХМР, следува период на стабилно и суво време со студени утра, на повеќе места со негативни утрински температури. Дневните ќе бидат во границите на просекот за овој период од годината. Минималната ќе се движи од -9 до 3 степени, а максималната од 2 до 11.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ