сабота, 22 февруари 2025

Повлечени одредени количини од производот „рум касато“на „Јафа Црвенка“

Фабриката за бисквити „Јафа Црвенка“ повлекува одредени количини од производот „рум касато“ од 120 грама со следниве рокови на траење: 10.7.2025, 14.7.2025, 23.7.2025, 24.7.2025, 25.7.2025 и 26.7.2025.

Објавено на

часот

Сподели

Причина за повлекувањето, како што соопшти, е можно присуство на тврди шеќерни парчиња. Сите останати рокови на траење, според „Јафа Црвенка“, се со стандардно висок квалитет.

„Ги повикуваме купувачите и потрошувачите кои имаат купено производи со наведениот рок на траење да се обратат кај своите Jaffa продавачи, преку е-пошта на [email protected] или на телефонскиот број 0800/200-010 за замена на производот“, наведува „Јафа Црвенка“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ