петок, 31 јануари 2025

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Помалку од тројца од десет Британци сметаат дека брегзит е добар, а повеќето сакаат земјата да се врати во Европската унија, покажа новото истражување на јавното мислење, пет години откако Обединетото Кралство официјално ја напушти ЕУ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На референдумот во 2016 година, 52 отсто од Британците гласаа за брегзит.

По долгогодишни тешки преговори, Обединетото Кралство стана првата земја што ја напушти Европската унија на 31 јануари 2020 година.

Но, пет години подоцна, само 30 отсто од Британците веруваат дека земјата добро направила гласајќи за брегзит, според анкетата на Ју-гов, чии резултати беа објавени во средата. Анкетата е спроведена на 2225 испитаници.

Според институтот, ова е најниската поддршка за брегзит досега.

Меѓу Британците кои гласаа за брегзит, 18 отсто сметаат дека напуштањето на Европската унија било грешка. Сепак, тој процент се искачува на 55 отсто од сите испитаници. Само 11 отсто од испитаниците веруваат дека брегзит бил успешен.

Мнозинството Британци, 55 отсто, го поддржуваат враќањето на земјата во Европската унија, вклучително и 20 отсто од гласачите кои гласаа за брегзит.

Меѓу нив, 39 отсто од испитаниците „силно“ го поддржуваат враќањето во ЕУ.

Британскиот лабуристички премиер Кир Стармер вети дека ќе ги „рестартира“ односите со Европската унија. Сепак, тој се противи на враќање на полноправно членство во Европската унија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ