сабота, 19 октомври 2024

Повеќе од половината возрасни Македонци имаат прекумерна тежина

Над половина од возрасните граѓани во земјава имаат прекумерна тежина, а подебели во регионот се само Хрватите, покажува анализата на статистичкиот портал Ландгеист, базирана на податоци на Евростат.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Над половина од жителите на Европа имаат прекумерна тежина односно Индекс на телесна маса (БМИ) еднаков или поголем од 25. Најголем процент на возрасни луѓе со прекумерна тежина имаат Малта (62,5 отсто), Исланд (62 отсто) и Латвија (60,4 отсто), додека најмал Италија (41,9 отсто), Швајцарија (45,6 отсто) и Франција (46,4 отсто). Кај нас 55,7 проценти од возрасното население има прекумерна тежина.

Земјите со висока стапка на дебелина, пишува Ландгеист, исто така, имаат и високи стапки на луѓе со прекумерна тежина. Малта е втора земја со најголема дебелина во Европа и исто така земја со најмногу килограми во Европа. Швајцарија е земја со најмалку дебелина во Европа, но и втора земја со најмалку прекумерна тежина во Европа. Но, и неколку земји како Естонија, Финска, Исланд, Македонија, Романија, Словачка и Словенија кои имаат релативно ниски стапки на дебелина, но имаат некои од највисоките проценти на луѓе со прекумерна тежина во Европа.

Од земјите во регионот само Црна Гора има помалку од половина од населението со прекумерна тежина, додека најголема стапка на возрасни со прекумерна тежина има Хрватска – (58,1 отсто). Потоа следат Словенија (55,7 отсто), Грција (54,9 отсто), Бугарија (53,7 отсто) и Србија (52,5 отсто).

Во речиси секоја земја во Европа, повеќе од половина од сите возрасни луѓе се со прекумерна тежина над 60 отсто. Во Малта (62,5 отсто), Исланд (62 отсто) и Латвија (60,4 отсто). Единствените европски земји каде помалку од 50 отсто од населението е со прекумерна тежина се Италија (41,9 отсто), Швајцарија (45,6 отсто), Франција (46,4 отсто), Кипар (47,9 отсто), Црна Гора (48,1 отсто), Холандија (48,3 отсто), Белгија (48,9 отсто) и Луксембург (49,7 отсто).

Индексот на телесна маса (БМИ), според Евростат, од каде се земени и податоците, се дефинира како тежина во килограми поделена со квадратот на висината во метри. Луѓето на возраст од 18 години или повеќе се сметаат дека имаат недоволна тежина со БМИ помал од 18,5, нормална тежина БМИ помеѓу 18,5 и помалку од 25 и пред-дебела БМИ помеѓу 25 и помалку од 30. Категоријата прекумерна тежина, БМИ еднаков или поголем од 25 ги комбинира двете категории пред-дебели и дебели. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ