недела, 22 декември 2024

Повеќе од 85.000 хектари шума изгореа во Македонија

Сезоната на пожари во 2024 година сериозно ја зафати Македонија. Од почетокот на летото таму изгореле повеќе од 85.000 хектари, информираат од Европскиот информативен систем за шумски пожари (EFFIS).

Објавено на

часот

Сподели

Во август, бројни шумски пожари излегоа надвор од контрола низ целата земја. Како одговор на итните барања за помош од локалните власти, беше активиран Механизмот на ЕУ за цивилна заштита. Како резултат на тоа, беа распоредени десет воздушни противпожарни тимови од шест различни земји-членки на ЕУ за да помогнат во контролирањето на пожарите.

За пожарот во Мариово Европскиот информативен систем за шумски пожари дека од 4 септември тука биле зафатени 11.000 хектари, а пожарот беше ставен под контрола само по врнежите помеѓу 6 и 7 септември.

Сателитите Copernicus Sentinel обезбедуваат отворени податоци кои можат да помогнат да се следат и мапираат шумските пожари и нивните последици, овозможувајќи подобра проценка на штетата и поддршка на операциите за управување со вонредни состојби.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ