понеделник, 23 септември 2024

Повеќе од 70 отсто од Французите не го поддржуваат Макрон

Врз основа на истражување кое го спровела компанијата Ифол, три четвртини од жителите на Франција се незадоволни од претседателот на таа земја Емануел Макрон. Истражувањето е спроведено за весникот Журнал ду диманш.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Уште од грабежот на Триумфалната капија на врвот на кризата со „жолтите елеци“ во декември 2018, рејтингот на популарноста на Макрон не паднал толку ниско (25 отсто), додека неговиот рејтинг на ненаклонетост исклучително порасна (75 отсто незадоволни)“, пишува весникот.

Се наведува дека постои мислење дека Макрон „го упропастило неговото преголемо его“, како и дека доживеал фијаско по распуштањето на парламентот, што Франција ја направило „неуправлива“.

Покрај тоа, според резултатите од истражувањето, повеќе од половина (55 отсто) Французи се незадоволни од премиерот на земјата Мишел Барние, иако неговата влада сè уште нема ништо направено.

Меѓу најнепопуларните лидери во Европа е германскиот канцелар Олаф Шолц, чија популарност достигна ново најниско ниво од само 18 отсто, според најновите анкети.

Наспроти тоа, долгогодишната канцеларка Ангела Меркел уживаше доверба од 76 отсто за време на својот шеснаесетгодишен мандат, со најниска оценка од 46 отсто по политиката на отворени граници за време на бегалската криза во 2016 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ