среда, 12 март 2025

Повеќе од 20 автомобили изгореа на паркинг во близина на Москва, еден стражар загина има и повредени (ВИДЕО)

Повеќе од дваесет возила изгореа во пожар што избувна на паркинг во Домодедово, Московскиот регион, објави регионалниот гувернер Андреј Воробјев на својот канал на Телеграм.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

„По падот на остатоците од дрон избувна пожар на паркинг. Изгореа повеќе од дваесет возила. Пожарникарите и сите служби за итна помош се на местото на настанот, пожарот е речиси изгаснат“, рече Воробјев.

На паркингот загина 38-годишен чувар. Две лица се повредени и хоспитализирани.

Домодедово се наоѓа на 37 километри јужно од Москва. Градот е дом и на аеродромот Домодедово, еден од трите главни аеродроми заедно со Шереметјево и Внуково.

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин утринава соопшти дека противвоздушната одбрана го спречила најголемиот напад на непријателски беспилотни летала врз Москва. Руското Министерство за одбрана претходно објави дека 337 украински беспилотни летала биле уништени во текот на ноќта во руските региони, вклучително и 91 во регионот на Москва.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ