Во „бистри“ настани се дадени отворената предистрага за судијата Eљведин Ферати, кој со пречкртување си поправал оценки на тетовскиот универзитет. Предистрагата ја води Скопското јавно обвинителство.
По иницијатива на ДКСК, ОЈО Скопје почна постапка против поранешниот организациски директор на Клиниката за токсикологија, е вториот „бистар“ настан за септември 2024 година. Државната комисија за спречување на корупцијата денеска соопшти дека Основното јавно обвинителство Скопје, по поднесената иницијатива од страна на ДКСК за кривично гонење, ја прифатило иницијативата, оформило предмет и отпочнало постапка по обвинителен предлог против организацискиот директор на Универзитетската клиника за токсикологија.
Според Транспаренси Интернешнл-Македонија, во „матни“ се ДКСК која оформила 65 предмети за повреди на Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата во врска со изборната кампања 2024 година, ДЗР кој утврди низа неправилности во финансиското работење на Универзитетската клиника за неврологија, потоа недоследности во управувањето со буџетските средства и судските депозити, нотирани од ревизорите – Ревизорскиот извештај за финансиското работење на Основниот граѓански суд Скопје за 2023 година.
Овде се вбројуваат и истражувањето на Центарот за граѓански комуникации: На тендерите често има корупција, најмногу поради политички интереси и поткуп, но и тоа дека 13 граѓански организации бараат измени во Законот за урбанистичко планирање.