среда, 25 декември 2024

Повеќе од половина Американци немаат позитивно мислење за Бајден

Повеќе од 55 отсто од Американците немаат позитивно мислење за претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден, покажуваат резултатите на анкетата кои ги објави интернет порталот Фајвтртиејт (FiveThirtyEight).

Објавено на

часот

Сподели

Бајден е фаворит на Демократската партија за кандидат на претстојните претседателски избори, но ја губи популарноста во американската јавност па анкетите покажуваат дека има мали шанси да го победи кој било кандидат кој ќе го одбере Републиканската партија.

Не е само староста на најстариот претседател на САД во историјата изворот на загриженоста на јавноста, бидејќи анкетите покажуваат дека на 81-годишниот Бајден му паѓа популарноста и поради начинот на кој управува со економијата, како и околу прашањата за американско-мексиканската граница.

Околу 40 отсто од анкетираните граѓани имаат позитивно мислење за Бајден, но тие наведуваат дека го поддржуваат поради успехот кој Демократската партија го оствари на изборите во 2022 година и на неодамнешните пратенички избори.

Истражување спроведено од Волстрит џурнал од 29 ноември до 4 декември покажува дека поранешниот претседател на САД Доналд Трамп го поддржуваат четири отсто повеќе анкетирани од оние кои би сакале повторно да го имаат Бајден за претседател.

Резултатите на анкетата во која се прашани 1.500 регистрирани гласачи наведуваат дека Трамп го поддржуваат 47 отсто, а Бајден 43 отсто анкетирани.

Политичките аналитичари и експертите истакнуваат дека е прерано со сигурност да се каже какви ќе бидат резултатите на претседателските избори во 2024 година, но истакнуваат дека се чини дека Бајден и Трамп ќе влезат во вториот круг.

Бајден, меѓутоа, е уверен дека ќе го победи Трамп, ако двајцата бидат номинирани од страна на своите партии.

„Не сум единствениот кој може да го победи, но ќе го победам“, им кажа Бајден на новинарите во средата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ