недела, 23 февруари 2025

Поведена истрага за тетовец за пронајдени 85 ќесички марихуана

Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Објавено на

часот

Сподели

При претрес во домот на осомничениот, во рамките на оперативна полициска акција, пронајдени се 126,95 грама марихуана, поделена во 85 зипер-ќесички подготвени и наменети за натамошна недозволена продажба. Исто така, од осомничениот 37- годишен тетовец се одземени и парични средства во вкупен износ од 71.700 денари за кои постои сомнение дека потекнуваат од илегална продажба на дрога.

Бидејќи постои опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и ризик дека осомничениот би можел да го повторува делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ