Како што веќе претходно известивме, во МВР е пријавено дека Марк Јорис е исчезнат, а, според пријавеното, тој имал планирано рута за планинарење во реонот Охрид – Струга (Вевчани) – Дебар- општина Маврово и Ростуше и на север кон Албанија. Со помош на дрон е извршена потрага и опсервација на теренот, но лицето не е пронајдено, а се преземаат и низа други мерки и активности за пронаоѓање на лицето, соопшти МВР.
Потрагата по белгискиот планинар сè уште трае
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните доколку имаат каква било информација за Марк Јорис (72), белгиски државјанин кој на 18 септември од Интерпол Брисел и амбасадата на Белгија е пријавен како исчезнат, да пријават во најблиската полициска станица или на телефонскиот број 112.
Објавено на
часот