среда, 5 февруари 2025

Потпишан документ за соработка на МД Илинден-Тирана со Државниот архив на Македонија

Македонското друштво Илинден-Тирана денеска во Скопје потпиша меморандум за соработка со Државниот архив.

Објавено на

часот

Сподели

„Со овој значаен чин документираното наследство на нас Македонците од Албанија  станува предмет на соработка со Државниот архив на Македонија. Институционалната поддршка на Државниот архив кон нашето друштвото  ја официјализиравме денеска, за што изразуваме голема благодарност“, рече за МИА, Никола Ѓурѓал  претседател на друштвото.

Објава има и Државниот архив во која се наведува дека Марјан Гијовски, Тулај Адеми и Биљана Крстевска, како претставници на институцијата, во рамки на средбата со овластување на директорот на Државниот архив, Наташа Котлар-Трајкова, бил потпишан меморандум за соработка, со кој се дава правец на соработката меѓу двете страни.

„Прибирање архивски материјали од оставината на видни претставници на македонското малцинство од Албанија, издавање заеднички публикации и истражувачки потфати се дел од активностите кои треба да почнат на почетокот на идната година. Државниот архив настојува да формира архивски фондови со документи од историјата на македонските организации кои дејствуваат во соседните земји“, се наведува во објавата.

Се додава дека меморандумот за соработка е прв ваков документ потпишан на друштвото Илинден од Тирана со институција од нашата држава.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ