недела, 22 декември 2024
Платформата за борба против корупција бара оставка од обвинителот Јовески

Постојат сомнежи за постапувањето на обвинителите во истрагата за модуларната болница во Тетово

Објавено на

часот

Сподели

Според денешната изјава на Платформата пред Јавното обвинителство на Република Македонија, од изведеното во документарецот „Убиство во Тетово”, истрагата на јавното обвинителство за пожарот во модуларната болница во Тетово не е целосна и не ги цени доволно заклучоците изнесени во Службената експертиза на германските експерти.

„Како резултат на тоа што во јавноста се разгоруваат сомнежи за непрофесионално постапување на обвинителството и занемарување на околности кои можат да ги прошират обвиненијата и да инкриминираат други лица“, велат од платформата.

Дополнуваат дека на ова се надоврзува и фактот што Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција сѐ уште ги истражува наводите за корупција при спроведувањето на јавните набавки во случајот и покрај тоа што веќе е пречекорен рокот од Законот за кривична постапка (ЗКП).

„Притоа, во јавноста не се понудени никакви образложенија ниту за тоа зошто е продлжуван рокот ЗКП, ниту зашто и покрај ова продолжување, истрагата не резултира со завршница“, дополнуваат оттаму.

Во пожарот во тетовската модуларна болница во 2021 година животот го загубија 14 лица. Во врска со случајот, тетовскиот суд изрече условна пресуда за обвинетите директори Флорин Бесими и Артан Етеми и правното лице Клиничка болница за кривично дело тешки дела против општата сигурност. Ослободителна пресуда беше донесена за докторот Бобан Вучевски кој се товареше за делото непостапување по здравствени прописи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ