Распоредот на табелата по лигашкиот дел од новата Лига на шампиони гарантираше барем една дерби пресметка, а денешната ждрепка ги спои Манчестер Сити и Реал Мадрид во баражот за место во осминафиналето.
„Граѓаните“ и „кралевите“ се последните два шампиони во најелитното европско натпреварување, и имаа неколку интересни пресметки изминативе години.
Извлечени парови во плеј-офот:
Брест – ПСЖ
Монако – Бенфика
Јувентус – ПСВ
Феенорд – Милан
Манчестер Сити – Реал Мадрид
Селтик – Баерн Минхен
Клуб Бриж – Аталанта
Спортинг – Борусија Дортмунд
Средбите ќе се одиграат на 11. и 12. февруари, додека пак реваншите се седум дена подоцна.